131 САНКЦИОНИРАНИ ВОЗАЧИ ВО СКОПЈЕ

131 САНКЦИОНИРАНИ ВОЗАЧИ ВО СКОПЈЕ

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 131 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 11 санкции за управување возило под дејство на алкохол, 20 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 14 санкции за управување без возачка дозвола.

Исто така, изречени се шест санкции за користење мобилен телефон при управување возило, 40 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *