ВИДЕО: БЕЛГИЈА ГО ИСФРЛИ ЕВРОПСКИОТ ПРВАК, ЧЕШКА ЈА ШОКИРА ХОЛАНДИЈА НА ЕП!

ВИДЕО: БЕЛГИЈА ГО ИСФРЛИ ЕВРОПСКИОТ ПРВАК, ЧЕШКА ЈА ШОКИРА ХОЛАНДИЈА НА ЕП!

Фудбалерите на Белгија го добија мега-дербито во осминафиналето на Европското првенство против Португалија (1-0) и закажаа средба со Италија во фазата на осум најдобри селекции. Европа ќе добие нов владетел, бидејќи Кристијано Роналдо и дружината не успеаја да ја скокнат првата нокаут пречка.

  • Белгија – Португалија (1-0):

По неколкуте полушанси, резултатот на „Ла Картуха“ го отвори Торган Азар со ефектен погодок. Помладиот брат на Еден, добро прими и од далечина со многу ефе го измами Руи Патрисио во 42. минута. Португалија се обиде да се врати, притисна и правеше шанси, но дефанзивата на Белгија беше на висина на задачата. Најзрелата можност ја имаше Рафаел Гереро кој ја погоди стативата, а се обидуваа и Дијаш, Силва, Роналдо…

Претходно, првокласна сензација приреди Чешка која ја исфрли Холандија од континенталниот собир. Иако „лалињата“ важеа за апсолутен фаворит, Чесите одлично се бранеа во првиот дел, а потоа го искористија црвениот картон на Матијас Де Лихт. Томас Холеш и Патрик Шик беа творци на победата, погодувајќи во завршницата за триумф и голем успех на својата селекција.

  • Холандија – Чешка (0-2):

Вчера место во четвртфиналето си обезбеди Данска со триумф над Велс (0-4), па ќе игра со Чешка, додека по продолженија Италија ја „скрши“ Австрија (2-1) и ќе се пресмета со Белгијците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *