ОД СТАРТ ДО ФИНИШ: ФЕРСТАПЕН НЕПРИКОСНОВЕН НА РЕД БУЛ РИНГ

ОД СТАРТ ДО ФИНИШ: ФЕРСТАПЕН НЕПРИКОСНОВЕН НА РЕД БУЛ РИНГ

Домашната трка на Ред Бул во Австрија не можеше да помине подобро за „црвените бикови“ кои од трка во трка ја зголемуваат предноста над Мерцедес. Повторно во главната улога се најде Макс Ферстапен кој започна од првото место и на истото заврши на прилично невозбудлива трка.

Мерцедес започнаа со хендикеп откако Валтери Ботас беше казнет за три места поради ризичното излетување на излезот од пит-стопот за време на викендот. Тоа значеше дека наместо на второто место, тој ја започна трката од петтата позиција. Сепак, тој не беше единствениот што се соочи со казна од неколку позиции на самиот старт. Негвоата судбина ја делеше младиот возач на Алфа Таури, Јуки Цунода, кој наместо на осмото место, стартуваше од 11. позиција.

Ова значеше дека за прв пат во својата кариера Џорџ Расл се најде меѓу најдобрите десет. Ферстапен имаше експлозивен старт и се оддели од Хамилтон и Норис кои не можеа да го стигнат „летечкиот Холанѓанец“. Лошиот викенд за Ферари стана уште полош на самиот старт кога Леклер беше принуден да замине во боксот поради проблеми со предниот дел на својот болид, што го врати дури на 17. место. Гасли беше првата жртва на австриската трка откако неговата гума не го издржа асфалтот и пукна на самиот старт, ставајќи крај на ветувачка трка за Французинот.

До крајот на трката видовме уште еден трагичен крај за Расл кој навидум е проколнат во боите на Вилијамс да не добие бодови откако феноменално се проби до 8. место. За жал, моторот на Вилијамс не е доволен за моќта на Расл кој беше принуден да стави крај на солидна трка во 39-от круг.

Сепак, единствени кои можат да бидат среќни од оваа трка се Ферари кои заработија важни бодови во трката со Мекларен за место во генералниот пласман. Леклер откако падна на 17. позиција имаше една своја т.н. „монтажа на претекнувања“ со што се избори за седмата позиција, веднаш зад неговиот колега Карлос Сајнц.

Подиумот го делеа двете „сребрени стрели“ кои едноставно немаа одговор за феноменалниот тек на трката од страна на Ферстапен, но барем го одзедоа екстра бодот за најбрз круг, кој му припадна на Хамилтон.

Наредната недела возбудливата трка за прво место ќе остане во Австрија на исто место за точно седум дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *