АНГЕЛОВСКИ ПРЕДВОДНИК ВО ТРКАТА ЗА МЕНАЏЕР НА ФЕНЕРБАХЧЕ!

АНГЕЛОВСКИ ПРЕДВОДНИК ВО ТРКАТА ЗА МЕНАЏЕР НА ФЕНЕРБАХЧЕ!

Досегашниот македонски селектор Игор Ангеловски е на мета на претседателот на Фенербахче Али Коч и го смета за идеален избор за следниот менаџер на неговиот турски гигагнт.

Стручњакот кој ја однесе Македонија на ЕУРО веќе бил на состанок во Турција откако заврши континенталниот собир.  Турскиот весник „Фанатик“ тврди дека сега токму Ангеловски е лидер во трката за кормилото на гигантот од Истанбул, оставајќи одличен впечаток кај Коч.

Првиот човек на клубот во изминатиот месец разговарал со бројни стратези, а голем дел од нив самите како Фавр, Бенитез и Биелса самите ја одбија понудата.

Договор на Ангеловски со македонската фудбалска репрезентација завршува летово, а ФФМ веќе го именуваше Благоја Милевски за негов наследник на кормилото на националниот тим.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *