ДИЕТА СО КАЈСИИ И ЗЕЛЕН ЧАЈ ЗА ЗАБРЗАН МЕТАБОЛИЗАМ ВО ТЕКОТ НА ЛЕТОТО

ДИЕТА СО КАЈСИИ И ЗЕЛЕН ЧАЈ ЗА ЗАБРЗАН МЕТАБОЛИЗАМ ВО ТЕКОТ НА ЛЕТОТО

Дојде летото, а тоа значи дека дојдоа највкусните и најздравите сезонски овошја кои се идеални за избалансирана диета која ќе ви помогне да ја намалите или регулирате вашата телесна тежина. Едни од најдобрите сезонски овошки се кајсиите, кои го забрузваат нашиот метаболизам и имунитет и кои не штитат од секакви вируси и бактерии. Сето тоа се должи на растителните влакна кои помагаат на дигестивниот систем, имунитетот и метаболизмот.

Диетата со кајсии ви ја обезбедува оптималната дневна доза витамин А, кој е задолжен за здравјето и добриот изглед на кожата, косата и ноктите. Кајсиите се исто така богати со калиум, па затоа и се препорачуваат за луѓе кои страдаат од анемија.

За успешно водење на оваа диета, потребно е да изедете од 8-10 кајсии дневно и да испиете 2 литри зелен чај кој се приготвува наутро, ќе додадете сок од 2-3 лимони во него и неколку лажички мед.

Чајот се пие во текот на денот. Кога ќе почуваствувате глад можете да си направите свежа сезонска салата со соја сос и една мала лажичка маслиново или друго растително масло.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *