ЕЛМАС: ЧЕСТ МИ БЕШЕ ОВИЕ ПЕТ ГОДИНИ ДА ГИ ДЕЛАМ СО АНГЕЛОВСКИ И ПАНДЕВ!

ЕЛМАС: ЧЕСТ МИ БЕШЕ ОВИЕ ПЕТ ГОДИНИ ДА ГИ ДЕЛАМ СО АНГЕЛОВСКИ И ПАНДЕВ!

Еден од најквалитетните фудбалери за врска на македонската фудбалска репрезентација, Елиф Елмас, уште еднаш ја изрази својата благодарност до досегашниот селектор Игор Ангеловски и досегашниот капитен Горан Пандев за петте години кои тој ги минал заедно со нив во дресот на „рисовите“.

„Чест ми беше да ги делам овие пет години со две вакви легенди на македонскиот фудбал и големо благодарам што ја направивте цела Македонија горда. Евро2020 беше едно големо искуство, се надевам дека во иднина ќе има уште вакви успеси. Благодарам на поддршката од целиот македонски народ“, напиша Елмас на Инстаграм.

Ангеловски и Пандев на 21 јуни, на ЕВРО 2020 против Холандија ставија точка на својата кариера во македонската фудбалска репрезентација, а да не заборавиме дека истото го направија и нашата досегашна седумка, Иван Тричковски, како и Крсте Велковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *