471 САНКЦИИ ЗА ПРЕБРЗО ВОЗЕЊЕ

471 САНКЦИИ ЗА ПРЕБРЗО ВОЗЕЊЕ

Во текот на вчерашниот ден (27.06.2021) во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 471 возачи.

Од нив, 78 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најмногу санкции се изречени на територија на СВР Куманово-84, потоа СВР Охрид-67…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *