СО 500.000 ВАКЦИНИ НА СИНОВАК ПРОДОЛЖУВА ИМУНИЗАЦИЈАТА ВО ЗЕМЈАВА

СО 500.000 ВАКЦИНИ НА СИНОВАК ПРОДОЛЖУВА ИМУНИЗАЦИЈАТА ВО ЗЕМЈАВА

Вчера во нашата земја пристигна пратка од 500.000 дози на кинеската вакцина Синовак, со што конечно може непрекинато да продолжи масовната имунизација која министерот за здравство, Венко Филипче, сака Македонија да ја постигне во следните месеци.

Вакцините пристигнаа на скопскиот аеродром, во два авиона. Македонија во саботата доби преку 100.000 дози вакцина Фајзер-Бионтек, преку програмата Ковакс.

Последната пратка со вакцини во земјава стигна во мај, кога пристигнаа 200.000 Синофарм вакцини.

Досега, скоро 25% од вкупно 2,1 милиони жители на Македонија примиле барем една доза.

Здравствените власти забележаа само четири нови случаи во неделата. Досега се потврдени 155.600 случаи на ковид19 во Македонија, како и скоро 5.500 смртни случаи. Бројот на заразени случаи на ниво на државата падна под 200, а во 15 градови веќе нема ниту едно заразено лице.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *