ОВА СЕ КАРАКТЕРИСТИКИТЕ НА ВАКЦИНАТА „СИНОВАК“

ОВА СЕ КАРАКТЕРИСТИКИТЕ НА ВАКЦИНАТА „СИНОВАК“

Кинеската вакцина „Синовак“ спречува 51 процент од појава на симптоматски болести и обезбедува стопроцентна заштита од потешки форми на заболување и хоспитализација, пишува на страницата на СЗО.

Кинеската вакцина Синовак е неактивна, лесна за чување и како таква лесно достапна. Вакцината покажала ефикасност меѓу 50 и 90 проценти во различни студии и во моментов е одобрена за употреба во Кина, Индонезија, Бразил и Турција.

Официјалните карактеристики на вакцината „Синовак“ објавени од СЗО ги сподели и министерот за здравство Венко Филипче.

„Инактивиран САРС-Ков2 вирус. Потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза. Високо ефикасна за превенција на тешка болест. Се дава мускулно во рамо. Препорачана за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата за бремената жена се поголеми од потенцијалните ризици. Препорачана за употреба кај доилки како и кај други возрасни лица“, напиша на фејсбук министерот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *