ФАЌАЈТЕ СЕНКА-ДЕНЕСКА ПОВТОРНО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 39 СТЕПЕНИ!

ФАЌАЈТЕ СЕНКА-ДЕНЕСКА ПОВТОРНО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 39 СТЕПЕНИ!

Денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 39 степени.

Веќе од утре ќе биде многу топло со пораст на дневните температури до 40 степен. Најтопло ќе биде во четврток кога, според најавите, максималната температура ќе се движи од 33 до 41 степен. Од средина на неделата ќе има услови за краткотрајна попладневна изолирана нестабилност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *