ЗДРАВ ПОЈАДОК ЗА ЕНЕРГИЧЕН ПОЧЕТОК НА ДЕНОТ

ЗДРАВ ПОЈАДОК ЗА ЕНЕРГИЧЕН ПОЧЕТОК НА ДЕНОТ

Дојде летото, што значи дека конечно дојде и „вистинската“ причина за да почнете да се храните здраво и да внимавате на своето тело, со цел да го подзатегнете и добро да изгледате на плажа!

Како и да е, здравата исхрана, не значи прегладнување, па затоа и понатаму потребно е појадокот да биде здрав, но истовремено и хранлив, за да ви даде енергија и доволно поткрепа на вашиот желудник без проблем да го дочека ручекот.

Доколку сакате енергичен појадок за добар почеток на денот, ние ви предлагаме каша составена од обезмастено млеко (се толерира масленост до 1.6%), неколку лажици овес (најсоодветно од пет до шест), ленено семе, кое во миксот ќе го додаде потребното ниво на здрави масти, половина супена лажица органски мед, една кафена лажичка какао, која на оброкот ќе го придодаде потребното ниво на железо, а целата комбинација ќе ја завршите со цимет, кој се карактеризира со импресивно ниво на магнезиум. Доколку не ви е доволно благо, предлагаме половина банана со просечна големина за комбинацијата да биде комплетна. Уживајте!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *