ВИДЕО: АНГЛИЈА ЈА ПОБЕДИ ГЕРМАНИЈА И СИ ГО ОТВОРИ ПАТОТ ДО ФИНАЛЕТО НА ЕП!

ВИДЕО: АНГЛИЈА ЈА ПОБЕДИ ГЕРМАНИЈА И СИ ГО ОТВОРИ ПАТОТ ДО ФИНАЛЕТО НА ЕП!

Фудбалерите на Англија се пласираа во четвртфиналето на Европското првенство, откако на „Вембли“ ја победија Германија со 2-0 (0-0). Избраниците на Герет Саутгејт ги казнија промашувањата на ривалот, па со триумф си го отворија патот кон финалето на континенталниот собир.

  • Најдобрите моменти од натпреварот:

Првото полувреме мина во тактичко надмудрување, ниту Саутгејт, ниту Лев не сакаа да ризикуваат и се играше главно на средината од теренот. „Гордиот албион“ беше поконкретен, но најголемата шанса ја имаше Тимо Вернер кој не реализира зицер. Пред самата пауза, огромна можност имаа и Англичаните, кои преку Хари Кејн не дојдоа до водство, иако напаѓачот на Тотенхем го издрибла Нојер, Хумелс успеа да расчисти.

Во второто полувреме, Хаверц имаше голема шанса да го отвори резултатот, ама ниту тој не погоди. Англија мудро чекаше своја шанса, кружеше околу бедемот на Германците и успеа да дојде до водство. Лук Шо доби топка од Грилиш, па одлично по земја го проигра Рахим Стерлинг кој реализира од непосредна близина за 1-0 во 75. минута.

Јасно беше дека Германија ќе притисне, а колосална шанса за израмнување имаше Томас Милер. Играчот на Баерн Минхен доби топка низ одбраната од Хаверц, излета сам и веќе го измами Пикфорд, ама го промаши голот и со тоа ѝ даде дополнителен стимул на Англија. Казната стигна на спротивната страна преку Хари Кејн кој со глава го матира Нојер и ги постави конечните 2-0.

Англија во четвртфиналето ќе игра со подобриот од натпреварот меѓу Шведска и Украина, додека во полуфиналето вкрстуваат со победникот на мечот меѓу Данска и Чешка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *