МЕЈВЕДЕР ОТКРИ КОЛКУ ЗАРАБОТИЛ ОД БОРБАТА СО ЈУТЈУБЕРОТ ЛОГАН ПОЛ!

МЕЈВЕДЕР ОТКРИ КОЛКУ ЗАРАБОТИЛ ОД БОРБАТА СО ЈУТЈУБЕРОТ ЛОГАН ПОЛ!

Флојд Мејведер е пензиониран веќе неколку години, а и понатаму печали пари како да се боскува секој ден. Ексцентричниот Американец по крајот на својата кариера неколкупати беше дел од егзибициони натпревари, каде заработува повеќе пари отколку од професионален боксеркси меч.

Пред извесен период, Мејведер имаше боксерски меч против јутјуберот Логан Пол и истиот доби епитет на вистински циркус од пошироката боксерска јавност која посебно го цени овој спорт, но легендарниот американски шампион вели дека не се грижи за критиките, туку за парите кои ги инкасирал на својата сметка, а станува збор за 100 милиони долари!

– „Јас сум единствената личност во светот што со лажна борба може да заработи 100 милиони долари. Можам да направам обичен спаринг и да добијам 100 милиони долари“.

„Јас сум најдобриот ограбувач на банки. Не познавам ниту еден спортист на моја возраст кој може да заработи толку многу пари од неколкучасовно забавување“ – вели Мејвердер за егзибицијата со Логан Пол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *