ПАРИЗ ЌЕ ОТСТРАНИ 140.000 ПАРКИНГ МЕСТА ЗА ДА ЗАСАДИ ДРВЈА!

ПАРИЗ ЌЕ ОТСТРАНИ 140.000 ПАРКИНГ МЕСТА ЗА ДА ЗАСАДИ ДРВЈА!

Управата на Париз донела одлука да отстрани 140.000 паркинг места и на тој простор да засади дрвја, посебно во тесните и станбени улици. Сето тоа е планирано со цел зголемување на користењето на еколошки прифатлив превоз.

„Мора да садиме зеленило за да се прилагодиме на забрзаните климатски промени. Сакаме воздухот да биде почист, но и да им овозможиме на нашите сограѓани убав јавен простор, бидејќи многумина живеат во мали станови“, неодамна изјавил заменк градоначалникот на Париз, David Belliard.

Поради новиот план, „Елисејските полиња“ ќе станат урбана градина. сите места кои биле предвидени за автомобили, ќе станат зелени површини, а граѓаните ќе можат да се вклучат и да даваат предлози за тоа како сакаат да изгледа овој простор.

Париз интензивно работи на создавање „позелен“ град, а ова е уште еден доказ за таквата мисија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *