ПРОНАЈДЕНИ ОСТАТОЦИ ОД  НОВ ЧОВЕЧКИ ВИД, КОЈ ГО НОСИ ПРЕКАРОТ „ЗМЕЈ“

ПРОНАЈДЕНИ ОСТАТОЦИ ОД НОВ ЧОВЕЧКИ ВИД, КОЈ ГО НОСИ ПРЕКАРОТ „ЗМЕЈ“

Кинески истражувачи открија фосил на череп што можеби да припаѓа на целосно нов човечки вид, што потенцијално може да ги промени ставовите на научниците за тоа како еволуирал нашиот вид.

Научниот тим тврди дека тоа е нашиот најблизок еволутивен роднина меѓу познатите праисториски видови, како што се неандерталците и хомо еректусот, пренесува Би-Би-Си.

Истражувачите објавија дека фосилизираниот череп, стар најмалку 146 000 години, лежел скриен во напуштен бунар во Кина цели 88 години, каде што бил оставен во 1933 година од работник кој го открил на градилиште за време на јапонската окупација.

Истражувачите го именуваа новиот вид Хомо лонги, со прекар „Змејот“ во областа околу реката Лонг (Змеј) во североисточна Кина, каде што беше откриен.

Истражувачите тврдат дека черепот и припаѓал на хомо лонгија, прилично висок возрасен човек. Тие тврдат дека имал исправени образи и широка уста. Долната вилица недостасува од черепот, но истражувачите, врз основа на горната вилица на „Змејот“ и други фосилизирани човечки черепи, заклучуваат дека тој немал изразена брада. Тие исто така велат дека неговиот мозок бил околу седум проценти поголем од мозокот на денешните луѓе.

Научниците веруваат дека Змејот човек физички бил моќен, но малку се знае за тоа како живеел, бидејќи неговиот череп бил отстранет од местото каде што бил пронајден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *