КАЗНИ И ДУЕЛИ ВО АВСТРИЈА: ФЕРСТАПЕН ПОВТОРНО НА ВРВОТ

КАЗНИ И ДУЕЛИ ВО АВСТРИЈА: ФЕРСТАПЕН ПОВТОРНО НА ВРВОТ

Втора недела по ред трката од „најбрзиот циркус“ се возеше во Австрија на истата патека како и минатата недела. Победникот беше ист, но имавме голема доза возбуда кога станува збор за средината од поредокот.

Ферстапен им донесе уште една победа на Ред Бул на домашната патека откако ја започна трката од прво место и никогаш не погледна позади до самиот финиш. По импресивните квалификации, Ландо Норис за прв пат во својата кариера ја започна трката од првиот ред. За време на своите квалификации импресионираше и Џорџ Расл кој го донесе својот Вилијамс до осмото место.

Во уште едно дежа ву, имавме казна од неколку места на стартниот поредок за возач, овој пат тоа беше Фетел кој ги уништи квалификациите на Алонсо поради лоша наредба на тимот.

Трката уште од првите неколку круга ветуваше да е повозбудлива од онаа минатата недела. На самиот старт во дуел за втората позиција Норис и Перез имаа дуел кој заврши лошо за Перез кој се најде во песокот, но остана во трката по агресивна одбрана на младиот Британец. За жал, стјуардите не го гледаа тоа така и решија дека казна од пет секунди да му следи на Норис.

На Мекларен им следеше макотрпна битка со Мерцедес, кои како ајкули го демнееа болидот во портокалово. Тој го издржа притисокот до 20-иот круг, кога Хамилтон дојде до втората позиција.

Во меѓувреме Џорџ Расл кој падна на 12. позиција по лошиот старт, полека, но сигурно возеше кон првите бодови за Вилијамс.

Феноменален викенд имаше и Даниел Рикардо, кој по уште едни ужасни квалификации имаше феноменална трка и стигна до шестото место на крајот. Ферари имаа исто така солидна трка, завршувајќи на осмата, односно петтата позиција. Леклер беше исфрустриран од оваа трка откако два пати Перез му го направи она што Норис му го направи на Перез.

Ова скапо го чинеше Мексиканецот кој доби пет минути казна за ваквите потези. За крај, последен кој се соочи со ваква казна беше и Јуки Цунода во својот Алфа Таури.

Расл стигна до десеттата позиција, но не стигна да се израдува на првите бодови за Вилијамс бидејќи на само три круга пред крај, Алонсо покажа дека неговиот Алпин е посвеж, а и самиот Шпанец дека е поискусен.

На крајот подиумот го делеа Ферстапен, Ботас и Норис, додека Хамилтон по проблеми мораше да се задоволи само со четвртата позиција. Вака, Ферстапен креира уште поголема разлика во генералниот пласман, како и кај возачите, така и кај конструкторите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *